Вила ” Litca 2″ – Неа Флогита

37

Вила ,,LITCA-2 е лоцирана во центарот на Неа Флогита, спроти хотел ”Corfu”, околу 70 метри од плажа. Вилата располага со ниско приземје,високо приземје, прв кат и втор кат.Користење на клима уредот е вклучено во цена. 

GPS координати 40.258373, 23.214267

 За резервација до 31.12.2024 – 15% на термините во мај, јуни и септември

За резервација до 31.01.2025 – 10% на термините со мај, јуни и септември

Уплата 50% веднаш и 50% – 14 дена пред поаѓање

 Цени за термини за наем на апартмани/студија

Термини Бр.ноќевања 1/3

Студио

1/4

Апартман

1/5

Апартман

приземје

1/6

Дуплекс

приземје

24.05.2025 7 140 промо 160 промо 160 промо 190 промо
31.05.2025 7 199 210 210 249
07.06.2025 7 299 330 330 349
14.06.2025 7 380 420 430 480
21.06.2025 7 420 470 480 580
28.06.2025 7 470 530 540 640
05.07.2025 7 500 630 640 740
12.07.2025 7 530 690 700 800
19.07.2024 7 530 690 700 800
26.07.2025 7 560 710 720 820
02.08.2025 7 560 710 720 820
09.08.2025 7 560 690 700 800
16.08.2025 7 540 690 700 800
23.08.2025 7 480 620 630 650
30.08.2025 7 460 520 530 590
06.09.2025 7 349 420 430 510
13.09.2025 7 250 320 330 400
20.09.2025 7 160 190 190 220

 

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари,по курс 1 евро = 62 денари.
  • За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 7% попуст на вториот термин, попустите не се комбинираат.
  • Туристичката такса се плаќа во агенцијата – 2 евра од ноќ.

 Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

  • За возрасни 2.790 мкд. (45евра)
  • За деца до 12 години 2170 мкд. (35 евра) Деца до 2 години бесплатно, без седиште

АПП БР 1 – Високо приземје. Располага со 2 простории. Спална соба со брачен кревет и тераса, купатило, дневна соба со два единечни кревети и во истата просторија е кујната одделена со шанк – опремена со голем фрижидер и шпорет со релна. И оваа соба има сопствена тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

АПП бр.2 – На прв кат. Располага со 2 простории.Спална соба со брачен кревет и  тераса, купатило, дневна соба со два единечни кревети и во истата просторија е кујната одделена со шанк – опремена со голем фрижидер и шпорет со релна. И оваа соба има сопствена тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

АПП бр.3 – На втор спрат. Располага со 2 простории. Спална со 2 единечни кревети и тераса, купатило, дневна соба со два единечни кревети и во истата просторија е кујната – опремена со голем фрижидер и шпорет со релна и тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.

СТУДИО бр.4– На втор спрат. Соба со еден дупли кревет и еден единечен кревет  во истата просторија е кујната, купатило, балкон, ТВ и клима .

СТУДИО бр.5 – На втор спрат. Соба со еден дупли кревет и еден единечен кревет  во истата просторија е  кујната, купатило, балкон (поглед на улица) , ТВ и клима

.ДУПЛЕКС бр.6 – Ниско приземје Располага со 3 простории: дневна соба и две спални соби. Во дневната соба се наоѓа кујна ( опремена со голем фрижидер и шпорет со релна), два единечни кревети и софа на расклопување, истата излегува во двор кој има поглед на улица. Во едната спална има два единечни кревет и истата излегува во задниот двор додека втората спална соба има брачен кревет, купатило. Климата и ТВ се во дневната просторија.

АПП бр.7 – Ниско приземје. Располага со 2 простории. Дневна соба со два единечни кревети и софа на расклопување и во истата просторија е кујната одделена со шанк ( опремена со голем фрижидер и шпорет со релна), истата излегува во двор кој има поглед на улица. Спална соба со брачен кревет и излегува во задниот двор, купатило. Климата и ТВ се во дневната просторија.

Услови под кои важи аранжманот:

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата
  • Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.
  • Т.А. не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. и на самата агенција.За овој аранжман важат Општите услови за патување на  ТА Весна Турс.