Вила ” Vaia “- Јерисос 2024

453

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘синознаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Уранопулис (на 7 км од Јерисос)секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Куќа “Vaia” се наоѓа на само 100 метри од прекрасната песочна плажа. Куќата располага со пет  апартмани на прв и втор кат. Користење на клима уред и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.

Апартманитеимаат реновирани и опремени кујни со сите потребни елементи,како и реновирани купатила со туш. Затоплување на водата во цела вила е со сончеви колектори.Сите апартмани се на втор катосвен апартман бр. 1 кој е на прв кат и располагаат со сопствена тераса опремена со маса и столови, анекоиод нив се со поглед кон улица, некои кон дворот на вилатаили странично кон море. Истите се заштитени со тенди.

Дуплекс апартман бр. 1 (1/4) –прв кат. Апартманот располага со две спални, во едната има брачен кревет, а во другата два одвоени стандардни кревети, клима уред и ТВ. Од двете спални се излегува на долга заедничка тераса опремена со маса и столови, која е со поглед кон улица и дворот на вилата. Апартманот има опремена кујна со мини шпорет со рерна и фрижидер која е издвоена на самиот влез во ходникот од апартманот.Апартманот има сопствен тоалет со туш.

Апартманброј 2 (1/2)– втор кат.Апартманот располагасодва одвоени стандардни кревети, ТВ и клима уред во спална соба.Од спалната се излегува на сопствена тераса опремена сомаса и столови. Кујната е комплетно опремена со мини шпорет со рерна и голем фрижидер, и од истата се излегува на тераса која е со поглед во дворот на вилата.Апартманот има сопствен тоалет со туш.

Апартман број 3 (1/3+1)– втор кат. Апартманот располага со две простории. Првата просторија е наменета за дневен престој, во која има комплетно опремена кујна со мини шпорет со рерна, маса со столови, клима уред, и софа на пуштање која е наменета за еден возрасен или две деца. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е одвоена со лизгачки врати. Во спална соба има два одвоени стандардни кревети и ТВ. Од двете простории се излегува на иста заедничка тераса опремена со маса и столови, со поглед море. Апартманот има сопствен тоалет со туш.

Апартман број 4 (1/3+1)– втор кат. Апартманот располага со две простории. Првата просторија е наменета за дневен престој, во која има комплетно опремена кујна со мини шпорет со рерна, маса со столови, клима уред, и софа на пуштање која е наменета за еден возрасен или две деца. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е одвоена со лизгачки врати. Во спална соба има два одвоени стандардни кревети и ТВ. Од двете простории се излегува на иста заедничка тераса опремена со маса и столови, со страничен поглед море. Апартманот има сопствен тоалет со туш.

Апартманброј 5 (1/2) –втор кат. Апартманот располага содва одвоени стандардни кревети, ТВ и клима уред во спална соба. Од спалната се излегува на сопствена тераса опремена со маса и столови. Кујната е комплетно опремена со мини шпорет со рерна и голем фрижидер, и од истата се излегува на тераса која е со поглед во дворот на вилата.Апартманот има сопствен тоалет со туш.

Термин Ноќевања 1/4 дуплекс

апартман

(бр. 1)задолжително плаќаат4

лица

1/2

апартман

(бр. 2 и 5)

задолжително плаќаат2 лица

1/3+1 апартман

(бр. 3 и 4)

задолжително плаќаат 2лица

26/05-02/06 7 69 99 129
02/06-09/06 7 79 119 149
09/06-16/06 7 109 159 189
16/06-23/06 7 129 189 239
23/06-30/06 7 139 199 249

* цена по лице со вклучен превоз

  1. Сезонскицени
Термин Ноќевања  

1/2 апартман

(бр. 2 и 5)

1/3+1 апартман

(бр. 3 и 4)

 

1/4 дуплекс апартман

(бр.1)

30/06-07/07 7 469 529 589
07/07-14/07 7 499 559 619
14/07-21/07 7 519 589 659
21/07-28/07 7 519 589 659
28/07-04/08 7 519 589 659
04/08-11/08 7 519 589 659
11/08-18/08 7 519 589 659
18/08-25/08 7 519 589 659
25/08-01/09 7 509 569 639

* цена за наем на апартман

 

  1. Вонсезонскицени
Термин Ноќевања 1/4 дуплекс

апартман

(бр. 1)задолжително плаќаат4

лица

1/2

 апартман

(бр. 2 и 5)

задолжително плаќаат2 лица

1/3+1 апартман

(бр. 3 и 4)

задолжително плаќаат 2лица

01/09-08/09 7 129 189 239
08/09-15/09 7 109 179 209
15/09-22/09 7 89 129 159
22/09-29/09 7 69 99 129


* цена по лице со вклучен превоз

 

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН  – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Во вонсезонските цени во апартман бр. 2,3,4 и 5плаќаат минимум 2лица | 3-то, 4-то и 5-толице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
  • Во вонсезонските цени во дуплекс апартманбр. 1плаќаат минимум 4лица
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревет и во истиот, без вклучен превоз, а превозот седоплаќа:
    • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
    • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра),еден правец170 мкд. (35евра)
    • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска против вредност (1евро = 62 мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени воценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување вособите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должнисте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50евра на ден по студио / апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата  НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во  самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.