Вила ” Zorbas “- Неа Флогита

295

Вила “Zorbas” се наоѓа на сама плажа во центарот на Неа Флогита. Вилата располага со апартмани со една спална /2+2/, две легла во кујната и брачен кревет во спалната соба. Тераси со директен и страничен поглед на плажа-море, просторна кујна со трепезариска маса. тоалет, туш, балкон (масичка со столчиња), телевизор, гардеробер, клима и    интернет – бесплатни. Апартманите  се наоѓаат на II кат. Апартманите се реновирани и се со добар квалитет на сместување. Гостите со сопствени возила може да паркираат на 20м од вилата. Ви посакуваме пријатен престој.

                                  EARLY BOOKING – Лето 2025 

10%  попуст за уплата до 01.02.25 |  7%  попуст за уплата до 01.03.25

НАПОМЕНА

  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице во апартман со една спална – БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  Во апартман со една спална кај термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • –  Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
  • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Организиран превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • –  Превозот ги остава/зема патниците на 20м од вилата;
  • –  Wi-Fi интернет и клима – БЕСПЛАТНО!!
  • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • –  Доплата за туристичка такса – 2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција при резервација);
  • –  Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.
Автобуски превоз НЕА ФЛОГИТА, според термини од табелата Патни Информации
 Град на поаѓање  Mесто на поаѓање   Време на поаѓање Скопје – Неа Флогита (295km)
 Куманово:  (бензинска Макпетрол – автопат)   04:15h  Скопје – Тесалоники – Неа Флогита

Автопат (Е75)

 

 Трошоци во еден правец:
Патaрини во Македонија (430ден)
Патарини во Грција (2.30€)

 Скопје:  (паркинг пред VIP хотел наспроти саем)  05:00h
 Штип:  (паркинг пред нова пошта)  05:00h
 Велес:  (бензинска Макоил, мотел Македонија)  05:45h
 Неготино:  (бензинска, Макпетрол)  06:15h
 Г.П. Богородица:  (бензинска, Oкта / Богородица)  07:00h
 Поаѓање од Неа Флогита:     15:30 по МК време / 16:30 по ГР време (20м од вилата)