ВрњачкаБања е градска населба во Србија .Тоа е и најголемата бања во Србија.
Во Врњачка Бања има седум минерални извори. Тоа се: Топла вода, Слатина, Снежник, Езеро, Борјак, Бел извор и Врњачко врело, од кои четири се користат за терапии (Топла вода, Снежник, Езеро и Слатина), додека водите од три извори се флашираат како природни минерални води (Врњци – Борјак, Борјак 3 и Белимарковац за Елемент вода).
Локација на поаѓање и враќање
Скопје-Дрво Декор
Време на поаѓање
Скопје- 06:00 Куманово – 06:30
Во цената е вклучено:
- 2 ноќевања со појадок и вечера во х.Лидер С 3* во Врњачка бања
- автобуски превоз на релација Скопје-Врњачка бања и обратно
- бесплатно WI-FI во рамките на целиот хотел
- Користење на финска сауна, солена соба, арома туш
- организација на патувањето
- 1 вечер жива музика во хотелот
Во цената не е вклучено:
- Патничко осигурување
- Туристичка така 150 ден од ден по лице
- влезници за локалитетите
ТЕРМИН:
- 06.03-08.03.2026(петок–недела) 2 ноќевања со појадок и вечера,со вклучен превоз – 8990 ден (145 евра)
Хотел Лидер С 3* -Врњачка бања
Хотел Лидер С е 3 * хотел во срцето на Врњачка бања.Изграден во модерен стил,поседува конгресна сала и велнес центар (Користење на финска сауна, солена соба, арома туш)
Прв ден 06.03.2026
Поаѓање во 06.00 часот од Дрводекор. Патување кон Р. Србија преку граничен премин Табановце со попатни паузи. Пристигнување во попладневните часови. Сместување во хотел Лидерс 3*. Вечера. Ноќевање.
Втор ден 07.03.2026
Појадок. По појадокот можност за индивидуални прошетки низ Врњачка Бања или посета на бањата. Можност за користење на спа центар на хотелот. Вечера со жива музика во ресторанот на хотел Лидерс. Ноќевање.
Трет ден 08.03.2026
Појадок. По појадокот , во договорено време поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.







