Клокот Бања – Витина

667

Бањата Клокот се наоѓа на територијата на општина Витина, во склоп на истоименото село на Косово и Метохија. Се наоѓа помеѓу планината Жеговац на север и Скопска Црна Гора на југ на 483 m надморска височина.Лековитите извори на бањата се познати уште од праисторијата. Изградени се неколку базени и сместувачки капацитети.Бањата има неколку извори на ладна и топла вода, температури од 16° до 40°C. Ладното се користи за пиење, а топлото за лекување и рехабилитација. Припаѓаат на средно минерализирани води (од 1470 до 4400 mg/l), кои содржат високи концентрации на калиум, железо, флуор, литиум и силициум оксид. Водата се карактеризира и со висока содржина на слободен јаглерод диоксид (во опсег од 274 до 1780 mg/l). Медицински индикации: Кардиоваскуларни заболувања; Невропсихијатриски заболувања; Болести на метаболизмот;  Болести на бубрезите и уринарниот тракт; Болести на локомоторниот апарат; Болести на гастроинтестиналниот и хепатобилијарниот тракт.Третманот се спроведува во Заводот за превенција, лекување и рехабилитација „Клокот бања“, кој располага со сместувачки единици, ресторан, дискотека, базен, сауна и амбуланта. Обезбедени медицински услуги се: кинезитерапија, електротерапија, хидротерапија, терапија со кал, мануелна масажа. Бањата има прекрасна околина со бујна вегетација, паркови зеленило и ресторани. Рекреативен надворешен  базен  со термална вода од 28*С , амам турска бања и сауна.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО И ПРЕСТОЈ ВО БАЊАТА

  • 1 ДЕН -05.08.2024 (ПОНЕДЕЛНИК) Состанок на групата во 6,30 наутро. Поагање во 07  часот  на Дрводекор. Граничен премин Блаце – Урошевац – Витина.Во предполадневните часови пристигнување во Клокот Бања, сместување во хотел. Прегледи кај лекар и упатување на соодветни терапии. Ручек. Користење на базен. Вечера.
  • Последен ден 11.08.2024 (НЕДЕЛА) Доручек. Заминување за Урошевац, разглед на градот и слободен термин за шопинг. Поагање за Македонија. Пристигнување во попладневните часови.
  • ОД 05.08.(ПОНЕДЕЛНИК ) До 11.08.2024 (НЕДЕЛА) ПРЕСТОЈ ВО БАЊАТА

 ЦЕНА 250 € или  15.500,00 ден

Во цената е вклучено :

  • 6 (шест) полни пансиони (појадок, ручек, вечера)
  • Лекарски прегледи и одредување на терапии
  • Mасажа, електро терапии, парафински терапии, базен со минерална парафинска вода погодна за сите генерации.
  • Превоз на дадената релација.
  • Организација и водство по програмата.