Луковска Бања за 24 Мај

39

Луковска Бања е лоцирана во јужниот дел на Србија, на источните падини на Копаоник. Со поставеност од 681м надморска висина, таа е највисоката бања во Србија со пријатна умерено континентална клима и голем број на сончеви денови. Карактеристична е по своите термо минерални извори, едни од најбогатите во земјата, недопрената природа на шумовитиот Копаоник и чистиот планински воздух. Модерните погодности и базени во Велнес и СПА центарот на новиот хотел Бела Јела во комбинација со релаксираните прошетки низ преубавата природа се подлога за идеален одмор.

Програма на патување:

Прв ден 24.05.2024 (Петок) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА

Состанок на групата рано наутро во 05.30ч на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00ч. Дневно патување со попатни паузи за одморд и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања и сместување во Хотел Бела Јела 4*. Слободно попладне за одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот вклучени во цената. Вечера. Ноќевање.

Втор ден 25.05.2024 (Сабота) (сабота) ЛУКОВСКА БАЊА

Појадок. Во 10.00 часот заминување на прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања во прекрасна природа по т.н. Патеки на здравјето; Горни Вирови, Милутиново Купатило, Луковска Река… Враќање во хотел. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на велнес содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.

Трет ден 26.05.2024 (Недела) ЛУКОВСКА БАЊА – СКОПЈЕ 

Појадок. Напуштање на собите до 10.00 часот. Заминување за Маедонија во 11.00 часот. Дневно патување со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

ПРОМО цена за резервации до 30.04.2024 – 159€/9.858мкд

Редовна цена на аранжманот – 179€/11.098мкд

Цена по лице за минимум 2 лица во соба за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Автобуски превоз на наведената релација

– Сместување во Хотел Бела Јела 4* на база 2 ноќи (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса)

– Исхрана на база 2 полупансиони (појадок и вечера шведска маса)

– Користење на внатрешно-надворешен базен со термо – минерална вода со температура од 33-35⁰C

– Користење на Велнес центар (солена соба, парно купатило, сауни, топли клупи – тепидариум, релакс зона)

– Организирана прошетка низ Луковска Бања со локален водич

– Туристичка такса

– Организација и реализација со туристички придржник.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко осигурување

– Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)

Попусти и опционални доплати:

– Дете 2-7 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет гратис плаќа само превоз 30€

– Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на возрасен

– Доплата за еднокреветна соба 30€ на цената на аранжманот

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)

– Намалување за сопствен превоз -20€/1.240ден од патник

Напомени:

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.

– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.

– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.

– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.

– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Т.А.ВЕСНА ТУРС