Сараево за Велигден

58

Сараево, главен град и културен центар на Босна и Херцеговина.Лежи во тесната долина на реката Мијацка, во подножјето на планината Требевиќ. Град на контрасти и различности кој нуди за секого по нешто.  Наречен “Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“ е еден од само неколкуте големи европски градови кои имаат џамија, католичка црква, православна црква и синагога во исто соседство. Град со околу 400.000 жители, бурна историја, град домаќин на 14-те Олимписки игри (1984).

Прв ден: 17.04.2025 (Четврток ) Кавадарци – Сараево

Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци, Неготино, Велес,Скопје и Куманово. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

Втор ден:18.04.2025 (Петок ) Сараево

Пристигнување во Сараево во претпладневните часови. Пешачки разглед на градот со локален водич и посета на: градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство,катердалата Срце Христово, Соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царската џамија,Башчаршија, мостовите….Смесување во хотел.

Ноќевање.

Трет ден: 19.04.2025 (Сабота) Сараево ,Јабланица, Мостар ,Сараево.

     Појадок. По појадокот предвидена факултативна посета на Мостар. Прво се посетува Јабланица  со попатна посета на срушениот мост од Втората Светска Војна познат по битката на Неретва. Продолжуваме кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Вклучена посета на: Стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн.                                                                                                                                              Во попладневните часови враќање кон Сараево.

Вечерта можнос за посета на православна црка и присуствување на Велиденска литургија(вртење на црквата)            Ноќевање.

 Четврти ден: 20.04.2025 (Недела) Сараево ,Јајцек, Травник  ,Сараево.

Јајце -мал град во Босна и Херцеговина,Градот Јајце навистина го носи епитетот „кралски“ бидејќи бил резиденција на босанските кралеви. Тврдината Јајце е најголема и насилна во Босна.Тој е единствениот град во светот со природен водопад во центарот на градот, резиденција на последниот босански крал. Во исто време, во 1943 година, Јајце стана родно место на модерна Југославија.Катакомбите една од најинтересните споменици во областа Јајце .Катакомбите или подземна издлабена црка во карпа пред повеке од 600 години. Џамијата на Есма Султан ,стари босански куќи Pliva Mills и Pliva Lakes се одлични природни додатоци за оваа турнеја и ќе ве натераат уште повеќе да ја цените убавината на Босна и Херцеговина. Нешто неописливо што не можете да го доживеете речиси никаде се мелниците во Јајце , потсетуваат на мали дрвени куќички. Млинчиќи Јајце се како што кажува името, „водени воденици“ и се наоѓаат на 5 километри од Јајце, помеѓу Малото и Големото Плива езеро. Денес тие се национален споменик, привлекувајќи туристи од целиот свет. До воденицата има парк со клупи, летен бар, извори, излетничко место и Мостот на љубовта

Травник — град и општина во Босна и Херцеговина, 90 километри западно од Сараево. Травник е главен град на Среднобосански кантон, и се наоѓа во Општина Травник.  Својата култура градот ја засновува врз основа на времето кога градот бил седиште на локалната самоуправа во Отоманското Царство. Бројни џамии и цркви постојат во регионот, како и гробници на важни историски личности и кои претставуваат одлични примери на Отоманската архитектура. Музејот на градот, изграден во 1950 година, е еден од повеќето импресивни културни институции во регионот. Травник станал познат од страна на важни личности кои се родени или живееле во градот. Најважните од нив се Иво Андриќ (писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1961 година), Мирослав Чиро Блажевиќ (фудбалски тренер), Јосип Пејаковиќ (актер), Сеид Мемиќ (поп-пејач) и Давор Џалто (уметник и историчар на уметноста). Во попладневните часови враќање кон Сараево. Ноќевањa

Петти ден: 21.04.2025 ( Понеделник) Сараево, Босански Пирамиди, Вишеград, Кавадарц

     Појадок.По појадокот можност за факултативна посета на местото Високо-каде се наоѓаат едни од најстарите пирамиди и енергетски полиња во светот – Босанските пирамиди. Малото гратче Високо ја крие мистерија на петте пирамиди, онаа на Сонцето, Пирамидата на Месечината, на Змејот, на Мајката Земја и Пирамидата на Љубовта. Со својата висина од 220 метри, Пирамидата на Сонцето, е најголемата пирамида во светот. Продолжуваме кон посета на тунелот Равно 1 во кој имаме околу еден час посета во внатрешноста на ископините кои се наоѓаат во подножјето на пиреамидите. Докажано е дека просториите под пирамидите имаат лековити моќи поради големото ниво на јонизација. По завршување на посетата се враќаме во хотел.

***Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотелот. Одјавување од хотелот.

Заминување кон градот Вишеград. Го посетуваме симболот на градот мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот „Мостот на Дрина“ на Иво Андриќ. Воедно го посетуваме и ,,Андриќ Град” познат како камен град изграден по идеа на Емил Костурица во чест на Иво Андриќ.

Враќање кон Македонија со попатни паузи.

Шести ден: 22.04.2025 ( Вторник) Сараево-Скопје

Пристигнување во Скопје  во утринските часови.

                      ПРОМО ЦЕНА- 139 евра / 8.620 денари

       РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 159 евра / 9.860 денари

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Aвтобуски превоз на дадената релација;
  • Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок во Сараево;
  • Разгледување на Сараево со локален водич;
  • Разглед на Андрич град;
  • Придружник на групата.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Патувањето е од туристички катактер затоа задолжително треба да се избери барем една од понудените факултативи:

  • Бр 1 : Полудневен излет до Мостар и Јабланица – 45 евра – минум 35 патници;
  • Бр 2: Постета на Босански Пирамиди – 25 евра (миниум 30 патници);
  • Бр 3 Посета на Јајце и Травник 30 евра
  • Туристичка такса 3 евра – се плаќа во агенција;
  • Босански пакет ( Мостар и Јабланица + Босански Пирамиди+Јајце и Травник) – 90 евра.
  • Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 денари;
  • Трансфер по градови Гевгелија, Битола, Прилеп, Штип – 10е во правец по лице

  НАПОМЕНИ:

Патувањето е од туристички катактер затоа задолжително треба да се избери барем една од понудените факултативи

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;

-Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;

-Доплата за избор на седиште во двата правци 15 евра;

-Доплата за дополнително седиште 100 евра;

-Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;

-Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата;

-Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;

-Пасошот мора да има важност минимум 3 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот, може да се патува и со лична карта

–Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;

За оваа патуваање важат општите услови за патување на Т.А Весна Турс