1 ДЕН: 06.03.2026 ( Петок )
Состанок со групата во утринските часови. Поаѓање за Србија преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања во приватни вили. Ручек. После ручекот организирана прошетка низ центарот на Сокобања: Милошев Конак, Турско купатило….. Слободно попладне. Вечера. Ноќевање.
2 ДЕН: 07.03.2025 – Сабота
Појадок. После појадокот организирана прошетка со локален водич до Лептерија и Сокоград. Враќање во вилите. Ручек. После ручекот слободно попладне за индивидуални активности. Можност за посета на СПА Центар. Вечера. Забава со жива музика по повод 8 ми март. Ноќевање.
3 ДЕН: 08.03.2025 – Недела
Појадок. После појадокот посета на Потоа се упатуваме кон Ртањ, феномен кој од година во година привлекува се поголем број туристи, авантуристи, планинари, но и научници. Секој кој барем еднаш ја посетил оваа планина, тврди дека воздухот тука поинаку мириса и дека природата има несекојдневна убавина. Многумина говорат и за позитивната енергија која ја почувствувале престојувајќи тука. Посета на местото кое е познато по космичката енергија- “Светилиште” и е единствено во Европа. Запознавање со планината Ртањ и со сите вистини и преданија поврзани со неа. Местото изобилува со ендемски видови на чаеви, од кој најпознат е Ртањскиот чај- познат по лековитата моќ. Исто така ќе ја видите древната пирамида (налик на месечевата пирамида во Мексико) на која што се наоѓа мистериозната црква изградена во стил на синагога. Денес, тука многу често изворот на својата енергија ја пронаоѓа и најдобриот тенисер на сите времиња Новак Џоковиќ. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА: 159 €
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз до наведената релација
- Коктел за добредојде
- 2 полни пансиони ( доручек, ручек, вечера )
- Сместување во Хотел Бањица – Сокобања
- Свечена вечера со неограничени пијалоци ( алкохолни , безалкохолни )
- Забава со No Limit Bend –
- Користење на џакузи – базен
- Пешачка тура: Лептерија, Милошев конак, тусрко купатило, Сокоград со локален туристички водич
- Посета на Ртањ и светилиште Врело
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка такса 1.5 € од ден по лице
- Патничко – здравствено осигурување – 130 мкд. – 65 год, 240 ден – 65-70 год.
НАПОМЕНА:
- За со сопствен превоз се намалува 10 евра од цената
- Деца од 0-2 год бесплатно
- Деца од 2 – 6 години – плаќаат само седиште во автобус – 35 евра
- Деца од 6 – 10 години – 20% попуст на сумата!
МЕНИ ЗА СВЕЧЕНА ВЕЧЕРА – 07.03.2026
- Ладно предјадење
- Пита зељица со павлака
- Скара ( 4 парчиња – 350 гр. )
- Свежа зелена салата
- Домашна погача
- Десерт
- Неограничени алкохолни и безалкохолни домашни пијалоци








