Хотел ” Pantheon ” Олимпик Бич

205

Хотел “Pantheon” е лоциран на сама плажа во Олимпик Бич. Стилно опремените студија со директен поглед на море/плажа и новиот ентериер им нудат пријатен, релаксирачки одмор на гостите. Хотелот располага со следната структура: 1/3 и 1/4 студија со редовни легла. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, големо огледало, туш, фен за коса, балкон (масичка со столчиња) со директен поглед на море/плажа, клима, ТВ – LCD, гардеробер (закачалки и сушара). На располагање е бесплатен   интернет во студијата, на рецепција како и на лежалките на плажа. Во склоп на хотелот се наоѓа елитен стилски дизајниран ресторан “Remezzo” со првокласни специјалитети на храна и пијалоци како и бесплатни лежалки на сама плажа со порачување на пијалок. Без оглед на ресторанот, хотелот и во вечерните часови на гостите им нуди пријатен престој. Хотелот располага со ЛИФТСтудијата   се на III кат.  Ви посакуваме пријатен престој.

                                              EARLY BOOKING – Лето 2025 

10% попуст за резервации до 01.02.25   

 7% попуст за резервации до 01.03.25

НАПОМЕНА

  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Студијата со поглед море имаат директен поглед на море/плажа, внатре од студијата и од балконот;
  • –  Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • –  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • –  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
  • –  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од хотелот на автобуската постројка до плажата.
  • –  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
  • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ 

  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • –  Доплата за туристичка такса  2€ од соба од ноќ (се плаќа во агенција )
  • –  Доплата за клима – 7€ од ден (на рецепција);
  • –  Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување. Информации во агенција.
Автобуски превоз ОЛИМПИК БИЧ, според термини од табелата Патни Информации
 Град на поаѓање  Mесто на поаѓање   Време на поаѓање Скопје – Олимпик Бич (275km)
 Куманово:  (бензинска Макпетрол-Автопат) 04:15h  Скопје – Катерини – Паралиа –   Олимпик бич

Автопат (Е75)

 Трошоци во еден правец:
Патaрини во Македонија (280ден)
Патарини во Грција (5.20€)

 Скопје:  (паркинг пред VIP хотел) 05:00h
 Штип:  (паркинг пред нова пошта) 05:00h
 Велес:  (бензинска Макоил, мотел Македонија) 05:45h
 Неготино:  (бензинска Макпетрол) 06:15h
 Г.П. Богородица:  (бензинска, Oкта / Богородица) 07:00h
 Поаѓање од Олимпик Бич:     16:00 по МК време / 17:00 по ГР време на околу 200m од хотелот