Хотел ” Tropicana Inn 2* ” -Лефкада

164

Хотел Tropicana Inn 2* (50м од плажа)  e лоциран во прекрасното село Пергиали-Нидри, Лефкада.

Хотелот се ноѓа на островот на легендите и поетите, меѓу расфрланите острови на Јонското Море, познати по кристално чистите тиркизно сини води и златни плажи спроти островот на Оназис – Скорпиос.

Местото каде што е изграден хотелот Tropicana Inn нуди пристап на плажа на само 50 м, како и прекрасен поглед на расфрлените острови, и е лоциран на  оддалеченост од 16 километри од главниот град на островот и само 1km од туристичкото место Нидри. Уникатноста на оваа конкретна локација ја прави идеално место за незаборавен одмор, безгрижен и релаксирачки за гостите во пријателска атмосфера каде што ќе се чувствувате како дома. Собите се опремени со тоалет, ТВ, клима со доплата (5 еур/ден), тераса и хотелски сервис. Појадокот е вклучен во цена. Користење на базен вклучено во цена.

Цените се дадени по соба за 7 ноќевања со појадок во Еур за уплата во МКД по курс 62 ден/Еур.
Дозволено е сместување спрема капацитетот на студио (број на кревети)
освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.
Автобуски превоз 55Еур возрасни Битола.
Доплата за превоз 10 Еур: Струга,Oхрид, Ресен, Скопје, Велес, Дреново, Прилеп.
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст – 10 Евра од редовната цена. Климата е со доплата 5 Еур.
За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст.
Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст.
Попустите не може да се комбинирааат.

Бус Парга-Врахос-Лефкада

Време на поаѓање кон Грција:

01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
04:00 h Битола (Спортска сала)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

Време на заминување од Грција:
(времињата се по МК време)
Бус Парга-Врахос-Лефкада
Агиос Никитас 13.00 часот
Нидри 14.30 часот
Никиана 14.45 часот
Врахос 15.30 часот
Амудиа 15.45 часот
Парга 16.00 часот