Вила ” Leona Lux ” – Аспровалта 2025

3090
Нова вила изградена  2024    ЛЕОНА ЛУКС   се наоѓа на 20 метри од прекрасната песочна плажа во центарот Аспровалта.
Вилата има три студиа  1/3 студио  (брачен и единачен кревет ,кујна и купатило , приземје ) 1/4 студио ( со два брачни кревета ,кујна купатило , приземје )  1/5 студио  ( еден брачен кревет , два кревета на спрат и еден кревет на извлекување од креветтите на спрат ) Сите  студиа имаат  балкон ,ТВ   климата е вклучена во цената. Wi – fi  оптички интернет -бесплатно.

                      15 % ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 30.11.2024

 

НАПОМЕНИ

    • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
    • Цените  се дадени (објавени) за наем на цело студио за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
    • 50 € за возрасни – повратна карта
    • 40 € за деца до 12 год повратен билет
    • Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
    • 10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта; 20 € за прв ред на седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 06 часот наутро  (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е 30 мин. пред времето за поаѓање . Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
    • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
    • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
    • При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
    • Преземањето на собите е во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
    • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
    • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер.
    • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
    • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
    • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
    • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
    • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена агенцијата ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
    • Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти цената ке биде променета )
    • Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
    • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во  самата агенција.