Загреб – Нова Година 2025

198

Програма на патување:

1.Ден 29.12.2024 (Недела) СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ-Состанок на групата во 19.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Хрватска во 20.00 часот. Ноќно возење со кратки попатни паузи за одмор и обавување на  царински формалности.

2.Ден 30.12.2024 (понеделни) ЗАГРЕБ-Пристигнување во Загреб во претпладневите часови. Разглед на градот со локален водич: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица… Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќнa магија. Ноќевање.

3.Ден 31.12.2024 (вторник) ЗАГРЕБ- ЉУБЉАНА-ЗАГРЕБ-Појадок. Факултативна посета на Љубљана. Разлед на градот со локален водич (Змејскиот мост, Трите Мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик, Фрањевачката Црква, Фонтана на трите реки…). Слободно време за освежување и индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон Загреб. Прослава на Новогодишна вечер на плоштадот Бан Јелачич. Ноќевање.

4.Ден  01.01.2025 (среда) ЗАГРЕБ – СКОПЈЕ-Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Македонија во попладневите часови. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови

 

ПРОМО цена за пријави до 11.11 – 189 евра / 11.718 денари

Цена за резервации до 01.12 – 199 евра / 12.338 денари

Редовна цена на аранжманот:  219 евра / 13.578 денари

Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден

Цена по лице за минимум 2 лица во соба

Во цената на аранжманот е вклучено: 

– Превоз со туристички автобус на наведената релација

– Сместување во Хотел 3* во двокреветни соби на база 2 ноќевања со појадок

– Разглед на Загреб со локален водич

– Организација и реализација со туристички придружник.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Tуристичка такса 250 денари (доплата во агенција)

– Задолжително патничко осигурување.

– Факултативна посета на Љубљана – 45€ (доплата на лице место).

– Индивидуални трошоци

– Доплата за еднокреветна соба 50 евра

Важни напомени:

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош

– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.

– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.

– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.

– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.

– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Т.А.ВЕСНА ТУРС