Вилата„Maria Pashalidou“ е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар,на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Во вилата располагаме со трoкреветни апартмани на прв и на втор спрати со петкреветен апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае накапацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Живописното приморско место Неа Рода е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме за чистота, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека…
-30% попуст за првата и последната смена
-25% попуст за втората смена
-15% попуст за третата смена
-10% попуст за сите останати смени заклучно со 20 Декември 2024
-Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничниот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење
– Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио или апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
– Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената
– Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите услови за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин
– Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време
– Доплата за туристичка такса во Грција- 2 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
– Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари
– Организиран превоз Скопје-Ставрос – Неа Рода
– Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот
– Цена на повратен билет –50 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 години-40 евра…Цена за билет во еден правец 40 евра; деца од 2-12 години- 35 евра. Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.
– Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.
-Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.