Некогаш најпознатиот центар за рехабилитација на Балканот, по 16 години пауза, повторно е отворен за туристи, сега во ново руво. Комплетно реновираниот хотелски комплекс Куршумлиска Бања е лоциран на падините на Копаоник, покрај долината на Бањска Река, на 10км од Куршумлија. Лековитата моќ на термоминералната вода која овде извира е потврдена уште во времето на Римјаните, а денес достапна до вас преку понудата на современиот медицински и велнес центар на хотелот „Планинка“. Хотелскиот комплекс е поставен на површина од 17.000 м2 и располага со 8 базени со термо минерална вода погодни за пливање на отворено или затворено во секое време од годината. Бидете дел од нашето прво патување овој март во Кушумслиска Бања.
Програма на патување:
1.Ден 16.01.2025 (четврток) СКОПЈЕ – КУРШУМЛИСКА БАЊА-Состанок на групата рано наутро во 05.30ч на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00ч. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Куршумлиска Бања и сместување во Хотел Планинка 4*. Слободно попладне за одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 17.01.2025 (петок) КУРШУМЛИСКА БАЊА-Појадок. Ден предвиден за одмор и релаксација со користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 18.01.2025 (сабота) КУРШУМЛИСКА БАЊА –Појадок. Ден предвиден за одмор и релаксација со користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.
4.Ден 19.01.2025 (недела) КУРШУМЛИСКА БАЊА – СКОПЈЕ –Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија околу пладне. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО цена за резервации до 31.12.2024 239€/14.818 ден
Редовна цена на аранжманот – 259€/16.058 ден
Цена по лице за миним 2 лица во соба за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација.
– Сместување во Хотел Планинка 4* во двокреветни соби на база 3 ноќевања
– Исхрана на база полупансион (појадок и вечера на база шведска маса)
– Користење на отворено – затворен базен, полуолимписки базен, релакс базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
– Користење велнес содржини: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи тепидариум, Kneipp патека, соба за релаксација
– Користење на сала за забава пинг-понг и билијард, користење фитнес сала, детска игротека
– Туристичка такса
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување.
– Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)
Попусти и опционални доплати:
– Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 25€/1.550ден (на барање).
– Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на возрасен
– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање).
– Доплата за еднокреветна соба 20€/1.240ден (на барање)
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
– Намалување за сопствен превоз -20€/1.240ден од патник.
Напомени:
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ