HomeПиеријаЛептокаријаХотел Моyses- Лептокарија

Хотел Моyses- Лептокарија

Лептокарија е туристичко место на брегот на Егејско Море. Се наоѓа на 80км од Солун, во подножјето на планината Олимп. Плажата е долга и песочна, кадешто има преубаво шеталиште.  Шеталиштето, чистото море и прекрасната песочна плажа се само дел од привлечностите на Лептокарија. Местото е идеално за семеен одмор. Многу продавници, таверни, кафулиња, ресторани, бутици, како и  игралишта, забавни паркови со детски активности, лулашки за најмладите. Цените се многу пониски и поволни во таверните кадешто се нудат грчки специјалитети. Лептокарија е едно од ретките одморалишта каде можете да консумирате вода од чешма. Градската плажа е долга околу 5 км и има Сино знаме, со што се докажува чистотата и квалитетот на водата.


Хотел Moyses се наоѓа на 80м од плажа. Хотелот располага со соби за 2, 3 и 4 лица. Во секоја од собите има единечни кревети. Сите соби се на 1 спрат и имаат своја тераса каде што има маса и столчиња, рингли во кујната за подготовка на храна и прибор за онолку лица колку што ќе престојуваат. Хотелот располага со базен којшто може патниците бесплатно да го користат.

15% попуст за резервација до 31.12.2025
10% попуст за резервација до 31.01.2026
05% попуст за резервација до 28.02.2026

 Moyses – Leptokarija
Термини /СобиЦена по лице во 1/2 студиоЦена по лице во 1/3 студиоЦена по лице во 1/4 студио
124.05 – 31.05.202679 промо79 промо 79 промо
231.05 – 07.06.202689 промо89 промо89 промо
307.06 – 14.06.202699 промо99 промо 99 промо
414.06 – 21.06.2026120109103
521.06 – 28.06.2026142131120
628.06 – 05.07.2026165153142
705.07 – 12.07.2026186175164
812.07 – 19.07.2026197186164
919.07 – 26.07.2026208197175
1026.07 – 02.08.2026219208182
1102.08 – 09.08.2026219208182
1209.08 – 16.08.2026219208182
1316.08 – 23.08.2026219208182
1423.08 – 30.08.2026197186182
1530.08 – 06.09.2026175164149
1606.09 – 13.09.2026142131110
1713.09 – 20.09.202612010998
1820.09 – 27.09.202689 промо 89 промо 89 промо
1927.09 – 04.10.202679 промо 79 промо 79 промо

Што е вклучено во цената

  • 7 ноќевања во Хотел Моyses (цени по лице без појадок)
  • Вклучен автобуски превоз од Скопје, Велес, Неготино и Гевгелија

Што не е вклучено во цената

  • Трансфер од Битола и Прилеп – 15 евра по лице
  • Доплата за туристичка такса 14 еврa од соба за цел престој (плаќање на рецепција)
  • Дете до 2 години (без седиште)-бесплатно
  • Патничко осигурување
  • Доплата за клима 7 евра од ден (плаќање на рецепција)

Напомени:

  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети.
  • Над дозволениот број, може на дополнително барање, да се смести максимум едно дете до 5.99год.
  • За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra First или Last minute понуда, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот.
  • Патничко осигурување е задолжително и не е вклучено во цена.
  • Сместување во собите е по 14:00 часот – локално време, а напуштање на истите е во 09:00 часот
  • По завршување на летувањето, должни сте да го оставите апартманот во чиста состојба.
  • Доколку е за време на престојот направите штета, истата се надоместува на лице место кај сопственикот на вилата.
  • Во цената е вклучено користење на Wi-Fi (организаторот не гарантира за квалитетот на интернетот).
  • Патникот има обврска да ја провери важноста и исправноста на патните исправи, поради кое не може да се направи промена на термин.
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција и одржување.
  • За хигиената на собите се грижат гостите;
  • За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.

Попусти:

  • За уплатени два последователни термини по редовна цена одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • За уплатени два последователни термини по промо цена се рачунаат двете промо цени (нема дополнителен попуст на втор термин)
  • Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!

Плаќање:

  • Плаќањето е во денари по курс 1 евро – 62мкд;
  • Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
  • За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум. 

Агенцијата како оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Most Popular