HomeЛето 2026Хотел Bellagio 3*- Фурка

Хотел Bellagio 3*- Фурка

Хотелот се наоѓа на прекрасна локација, опкружен со бујна зелена борова шума и зеленило, на 400 метри од  песочната плажа  на Фурка, на западната и на помирната страна на  полуостровот Касандра, Халкидики. Хотелот со 3+ звезди – е најдобриот избор за вашиот идеален семеен одмор, кој комбинира релаксација и мир, а воедно и многу можности за активен одмор, за вашето семејство или вашите пријатели. Стилот и атмосферата во хотелот Bellagio 3* создаваат чувство на удобност и спокојство, бегајќи од секојдневието и гужвата. Хотелот е добро познат на нашиот пазар, и е надалеку познат по својата богата програма на СЕ ВКЛУЧЕНО и многу содржини. Причината што многу гости се враќаат повторно повеќе години, покрај својот квалитет, придонесува и профилот на фамилијарни гости со деца за кои има многу содржини, дружења, нови познанства и сеќавања кои траат засекогаш. Кога децата имаат преокупација и простор за дружење, возрасните имаат повеќе време за нив, за вистински одмор

Фамилијарна понуда ALL INCLUSIVE 2026 Халкидики
Попусти за рана уплата : -20% до 30/11/2025  -15% до 31/12/2025  -10% 28/02/2026
За запазување на попуст за рана резервација е потребна уплата од 30%
а остатокот најдоцна 14 дена пред термин.
НАЈБАРАНАТА СЕ ВКЛУЧЕНО ПРОГРАМА НА ХАЛКИДИКИ
Hotel Bellagio 3* Furka ALL INCLUSIVE2 возрасни2 возр.+ 1 дете2 возр. + 2 деца3 возрасни3 возр. + детеНапомена
Термин/Услугасе вклученосе вклученосе вклученосе вклученосе вклучено 
30.05-06.06.559559719629789промо
06.06-13.06.599599759669829промо
13.06-20.06.8198199899291059 
20.06.-27.06.86986910499991159 
27.06.-04.07.919919106910291179 
04.07.-11.07.999999115911391269 
11.07.-18.07.10491049119911791299 
18.07.-25.07.11291129125912691349 
25.07.-01.08.11291129125912691349 
01.08-08.08.11291129125912691349 
08.08-15.08.11291129125912691349 
15.08.-22.08.11291129125912691349 
22.08-29.0810991099117912391299 
29.08-05.09.979979109911791199 
05.09-12.09.88988999910291159 
12.09-19.09.579549769669799промо
19.09-26.09.529529659579729промо
Цените се дадени по СОБА на 7 ноќи СЕ ВКЛУЧЕНО во Еур за уплата исклучиво во МКД.
Хотелот располага со 1/2+1 соби и додатен лежај за второ дете, или спие во кревет со родител.
1-во дете и 2-ро дете 2-12 години (спрема ценовник)
Хотелот не може да прими 4 возрасни лица во соба.
Автобуски превоз 45 Еур возрасни Битола, Прилеп, 50 Еур Скопје, Велес, Кавадарци.
Автобуски превоз за деца од 2 до 11,99 год. Попуст 10 Евра од редовната цена.
Термините – промо не подлежат на попуст.
Попустите не може да се комбинирааат.
Програмата се вклучено се состои од 3 оброци со вклучени пијалоци,
како и користење на базен, клима уред и сите содржини на хотелот.
Туристичката такса 35 еур од соба се плаќа на рецепција.
 Важат Општите услови за патување на ТА Весна Турс и СКТМ.

 

  • Хотелот вклучува појадок, ручек и вечера како и пијалоци.
    Појадокот, ручекот и вечерата се сервирани на база на шведска маса и тоа:
    -појадокот се сервира од 8-10 часот по локално време и вклучува сувомеснати производи, млечни производи, леб, јајца салата, мармалад, свежо овошје и слично;
    -ручекот се сервира од 13-15 часот по локално време и вклучува избор од 3 топли јадења на база на месо, како и салати, леб, солени намази;
    -вечерата се сервира од 19-21 часот по локално време и вклучува избор од 3 топли јадења од кои 2 се на база на месо, леб, солени намази и слично;
    -барот покрај базенот служи бесплатни пијалоци од од 10-21 часот, а после 21 часот може да се купи пијалок по редовна цена. Мини барот работи до 24 часот.
    Информација околу димензиите на креветите:
    -единечен кревет е 75х185 цм
    -француски лежај е 120х 185 цм
    -помошен кревет на отворање е 65х175 цм
    Во цената исто има вклучено:
    -клима
    -паркинг
    -интернет
    -крпи
    -телевизор
    -користење на базен
  • Информација околу времето за сместување и за напуштање на собата
    -сместувањето е после 14 часот по локално време
    -напуштањето на собата е до 11 часот по локално време
    Рецепцијата е отворена 24 часа

Most Popular