Куќа „Игуана“ е лоцирана во централниот, најубав дел во Неа Плагија. Прва линија до плажа и студија, апартмани со поглед кон море. Пред неа е прекрасно уредено, зелено паркче а во најблиска околина има таверна, пицерија, гиро, супермаркет, аптека. Целосно, темелно, модерно реновирани и уредени соби со кујна, ЛЦД ТВ, интернет и клима вклучени во цената.
За целосни уплати заклучно со 30ти јануари, 10% попуст на сите термини а 15% попуст на термините 27.6, 4.7 и 22.8
Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз
| Термин | Ноќевања | Плаќаат 1 и 2 лице | Плаќаат 3 и 4 лице |
| 30.5 – 6.6 | 7 | 139 x 2 | 55 x 2 |
| 6.6 – 13.6 | 7 | 175 x 2 | 55 x 2 |
| 13.6 – 20.6 | 7 | 219 x 2 | 55 x 2 |
| 20.6 – 27.6 | 7 | 235 x 2 | 55 x 2 |
| 27.6 – 4.7 | 7 | 249 x 2 | 55 x 2 |
| 4.7 – 11.7 | 7 | 259 x 2 | 55 x 2 |
– Задолжитено плаќаат најмалку 2 лица според табелите –
Цени објавени за наем на студио за 7 ноќевања
| Термин | Ноќевања | Трикреветно студио (улица) | Трикреветен апартман (море) | Четирикреветно студио (море) | Четирикреветен апартман (море) |
| 11.7 – 18.7 | 7 | 630 | 700 | 735 | 770 |
| 18.7 – 25.7 | 7 | 665 | 735 | 770 | 840 |
| 25.7 – 1.8 | 7 | 665 | 735 | 770 | 840 |
| 1.8 – 8.8 | 7 | 665 | 735 | 770 | 840 |
| 8.8 – 15.8 | 7 | 665 | 735 | 770 | 840 |
| 15.8 – 22.8 | 7 | 630 | 700 | 770 | 770 |
Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз
| Термин | Ноќевања | Плаќаат 1 и 2 лице | Плаќаат 3 и 4 лице |
| 22.8 – 29.8 | 7 | 255 x 2 | 55 x 2 |
| 29.8 – 5.9 | 7 | 239 x 2 | 55 x 2 |
| 5.9 – 15.9 | 10 | 239 x 2 | 55 x 2 |
| 15.9 – 25.9 | 10 | 209 x 2 | 55 x 2 |
– Задолжитено плаќаат најмалку 2 лица според табелите –
Забелешка: трикреветните студија се со брачен – француски кревет и дополнително легло, четирикреветните студија (во една соба) и апартмани (две одвоени соби) се со два брачни – француски кревета
Напомени и услови:
- Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
- Цените во табелите 1 и 3 се (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
- Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- За возрасни 3,100 денари (50 евра)
- За деца до 11,99 години 2.480 денари (40 евра)
- Тргнувањето од Скопје е во 5 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
- За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
- При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
- Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од т.а. „Игуана травел“. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
- Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер.
- Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
- Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
- Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
- Туристичката такса која од лето 2024 година изнесува 2 еврa на ден се плаќа на самото место
- Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
- Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција










