HomeДруги аранжманиРибараска бања-Продолжен викенд март

Рибараска бања-Продолжен викенд март

Рибарска Бања, позната и како Кралевска Бања, е една од најубавите и најстарите бањи во Србија, сместена на падините на Копаоник, блиску до градот Крушевац. Бањата е славна по своите лековити термални води, чист планински воздух и мирна природа.

Името „Кралевска Бања“ потекнува од историската традиција – бањата често ја посетувале српските кралеви и кнезови, кои овде доаѓале за одмор и лекување. Денес, таа продолжува да биде место за релаксација, рехабилитација и wellness активности.

Градот Крушевац, оддалечен само 12–15 км од Рибарска Бања, е срцето на средновековната српска историја. Тој е основан во 1371 година и служел како престолнина на кнез Лазар.

Главни атракции во Крушевац:

  • Царев двор / Лазарев град – средновековна тврдина и археолошки локалитет, каде се наоѓале палатите на кнез Лазар. Идеално за прошетка и фотографирање.
  • Манастир Лазарица – црква изградена во моравски стил, посветена на Пресвета Богородица, со прекрасни фрески и убави детали на иконостасот.
  • Пешачка зона и центар на градот – кафулиња, продавници и локална атмосфера.
  • Спомен парк Слобиште – зеленило и споменици, убаво за кратка прошетка.

Манастир Свети Роман

Историја и значење:

  • Манастирот Свети Роман е посветен на Свети Роман Слаткопојац, православен светител.
  • Изграден е во средновековен стил и е значаен духовен центар за локалното население.
  • Познат е по својата мирна атмосфера и убавото природно опкружување, идеално за медитација и духовно опуштање.

Архитектура и убавини:

  • Манастирот има камени ѕидови и едноставна, но елегантна фасада.
  • Внатрешноста често има фрески и иконостас со традиционални православни мотиви.
  • Дворот е уреден, со дрвореди и простори за прошетка.

Манастир Ѓунис

Локација: Село Ђунис, околина на Крушевац, во долината на Јужна Морава.

Историја и чудотворна вода:

  • Манастирот Ѓунис е женски манастир, посветен на Пресвета Богородица – Покров.
  • Според преданието, во 1898 година Пресвета Богородица ѝ се јавила на 13-годишно девојче, Милојка Јоциќ, и укажала на местото каде треба да се изгради црквата.
  • Покрај манастирот тече извор со вода која се смета за чудотворна и многумина верници веруваат дека исцелува.

1 ДЕН: 20.03.2026 – Петок – Скопје – Рабарска Бања или Кралевска Бања

Состанок со групата во 06.30 час., поаѓање за Рибарска Бања во 07.00 час. Од главната автобуска станица во Скопје. Се патува преку граничен премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Рибарска Бања во пладневните часови, сместување во центарот на Рибарска Бања во Apartments DeLux,  слободно време за одмор. Во попладневните часови разглед на Рибарска Бања: прпшетка низ големиот бањски парк, споменикот на Крал Петар I, Царева Чешма – најголемиот симбол на Рибарска Бања – природно термална чешма со лековита вода, можност за прошетка убаво уредени пешачки патеки и природа или уживање во гастрономијата во локалните ресторани и кафулиња со традиционална српска кујна. Посета на термални базени и спа ( факултативно ) , ќе уживаме во термалните води со температура од 38–39°C, релакс масажи, сауна, парна бања и модерни велнес содржини. Вечера. Ноќевање.

2 ДЕН: 21.03.2026 – Сабота– Крушевац – Царев Двор и Манастир Лазарица

Појадок. После појадокот поаѓање за Кручевац. Посета на  Царев двор (Лазарев град) – средновековна тврдина и археолошки локалитет, потоа посета на Манастир Лазарица – црква во моравски стил со фрески и иконостас. Слободно време за прошетка низ Крушевац, можност за ручек. Во попладневните часови поаѓање за Рибарска Бања. Вечера. Ноќевање.

3 ДЕН: 22.03.2026 – Недела – Манастир Св. Роман и Ѓунис – Скопје

Појадок. После појадокот напуштање на апартманите и поаѓање за Манастирите Св.Роман и Ѓунис.  Свети Роман – духовен центар со убави фрески и мирен двор, потоа се упатуваме кон Манастир Ѓунис.– женски манастир со чудотворен извор и духовна атмосфера.Лесна прошетка и фотографирање. Во договорено време поаѓање за Скопје. Попатна пауза во Врање кај Лидл, пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ПРОМО ЦЕНА: 109€ ( по лице ) – 6.760,00

РЕДОВНА ЦЕНА: 139€ ( по лице ) – 8.620,00

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Сместување во Рибарска Бања во дво и тро креветни апартмани – Apartment’s DeLux
  • 2 ПП ( појадок, вечера ) во ресторан во апартмаскиот комплекс
  • Посета на Крушевац, Царев Двор, Манастир Лазарица, Манастири Св.Роман и Ѓунис.
  • Посета на Лидл во Врање.
  • Автобуски превоз
  • Туристички придружник во текот на целото патување.

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Туристичка такса 1.5€ од ден ( се плаќа во автобус )
  • Влезница за СПА Центар: 9€ или 1000

НАПОМЕНА:

  • За со сопствен превоз се намалува 10 евра од цената
  • Деца од 0-2 год бесплатно
  • Деца од 2 – 6 години – плаќаат само седиште во автобус – 35 евра
  • Деца од 6 – 10 години – 20% попуст на сумата!

Most Popular