1 ДЕН: 20.03.2026 – Петок
Поаѓање во 05.00 часот од Скопје пред хотел Холидеј ин , 05:30 часот од Куманово Бензиска Макпетрол, Се патува преку граничен премин Табановце со попатни паузи за одмор и царински формалности. Потоа се упатуваме кон Ртањ, феномен кој од година во година привлекува се поголем број туристи, авантуристи, планинари, но и научници. Секој кој барем еднаш ја посетил оваа планина, тврди дека воздухот тука поинаку мириса и дека природата има несекојдневна убавина. Многумина говорат и за позитивната енергија која ја почувствувале престојувајќи тука. Посета на местото кое е познато по космичката енергија- “Светилиште” и е единствено во Европа. Запознавање со планината Ртањ и со сите вистини и преданија поврзани со неа. Местото изобилува со ендемски видови на чаеви, од кој најпознат е Ртањскиот чај- познат по лековитата моќ. Исто така ќе ја видите древната пирамида (налик на месечевата пирамида во Мексико) на која што се наоѓа мистериозната црква изградена во стил на синагога. Денес, тука многу често изворот на својата енергија ја пронаоѓа и најдобриот тенисер на сите времиња Новак Џоковиќ. По посетата на Ртањ се упатуваме кон Сокобања. Пристигнување во Сокобања во пладневните часови. Сместување во Сокобања во приватни вили. Ручек. После сместување – организирана прошетка низ центарот на Сокобања: Милошев Конак, Турско купатило….. Вечера. Ноќевање.
2 ДЕН: 21.03.2026 – Сабота
Појадок. После појадокот организирана прошетка со локален водич до Лептерија и Сокоград. Враќање во вилите. Ручек. После ручекот слободно попладне за индивидуални активности. Можност за посета на СПА Центар. Вечера. Забава со жива музика.Ноќевање.
3 ДЕН: 22.03.2026 – Недела
Појадок. После појадокот посета на ОЗРЕН и Водопадот РИПАЉКА.Поаѓање за Скопје со попатна посета на Врање и Лидл. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА: 109€
РЕДОВНА ЦЕНА: 139€
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз до наведената релација
- 2 полни пансиони ( доручек, ручек, вечера )
- Сместување во приватни вили во Сокобања ( секоја соба со сопствено купатило, WI-Fi )
- Исхраната е во ресторан Сплендид– Сокобања
- Сите вили се наоѓаат во непосредна близина на ресторанот
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Алкохолни и безалкохолни пијалоци
- Туристичка такса 1.5 € од ден по лице
- Патничко – здравствено осигурување – 120 мкд.
- Влезница за СПА Центар Соко Терме – 7 € ( групна карта ) – целодневни користење.
НАПОМЕНА:
- За со сопствен превоз се намалува 10 евра од цената
- Деца од 0-2 год бесплатно
- Деца од 2 – 6 години – плаќаат само седиште во автобус – 35 евра
- Деца од 6 – 10 години – 20% попуст на сумата!








