Велигден – Света Гора и Кавала

504

ВЕЛИГДЕН  НА СВЕТА ГОРА И КАВАЛА
TЕРМИН – 03.05-05.05.2024
Света Гора или, официјално, Автономна Монашка Држава Света Гора – е автономна област на третиот крак од полуостровот Халкидики во Грција. Претставува еден од најзначајните православни центри во светот. Света Гора или Атос воедно е име и на познатата планина на полуостровот по која е наречена монашката држава. Според грчкиот Устав, планината Света Гора е политичка самоуправа која ја сочинуваат 20 главни манастири. Духовно, Света Гора е под директна јурисдикција на Вселенскиот патријарх од Цариград. Покрај манастирите постојат уште и 12 скитови, помали монашки заедници, како и многу осамени монашки ќелии на целата територија на полуостровот. Само на монасите им е дозволено да живеат на Света Гора, и моментално на неа живеат околу 2.000 монаси. Ниту една жена нема пристап на Света Гора. Дури и животните женки се забранети (освен, како што велат, мачки и кокошки). Светогорските манастири имаат богати ризници на средновековни богатства, како икони, литургиски одежди, крстови, путири, кодекси и други Христијански документи, свети мошти и друго.
Уранополис е гратче на северот на полуостровот Атос, во подножјето на истоимената планина, и е последно туристичко место на границата кон Светата Гора. Воедно, неговото пристаниште е и појдовна точка за сите оние кои одлучиле да ги посетат манастирите. Со местото доминира стара византиска кула која датира од ХIV век – денес музеј во кој се наоѓаат христијански антиквитети од Халкидики. Во самиот град има многу продавници со разни верски мотиви и рачни изработки од монасите од Света Гора. Исто така, постојат и многубројни ресторани, традиционални таверни, барови, кафетерии, слаткарници…од кои се ужива во прекрасниот залез на сонцето.

ПРОГРАМА
1ДЕН – 03.05.2024 Состанок на групата пред Хотел Вип во 04:45ч ,поаѓање во 05:00 часот. Патување преку граничен премин Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности
• Предвидено време за пристигнување во Уранополис во утринските часови. Слободно време за кафе покрај морскиот брег.
• Отпловување со брод околу 12:00 часот и крстарење околу Света Гора, при што лиценциран водич на Српски јазик ќе презентира информации за секој од главните манастири.
• Слободно време за индивидуални активности, потоа патувањето го продолжување  во Неа Врасна .Нокевање
2ДЕН -04.05.2024
Во договорено време заминување кон Кавала . пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. прошетка кон стариот дел на Кавала, градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15. до 20. век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик – стариот аквадукт, денес познат како „Камарес“ кој изгледа како мост кој е поврзан со старите куќи од едната и од другата страна на градот. Во таквата турска Кавала во 1769 година е роден Мухамед Али Паша, или Мехмед Паша, кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа како музеј. Слободно време за индивидуални активности,
Во вечерните часови заминуваме кон црквата во Аспровалта да ја следиме литургијата за Велигден .Нокевање .
3 ден -05.05.2024
Одјавување од вилата , Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Македонија. Попатна посета на црквата св. Лидија во истоименото село. Лидија била првата жена која била крстена од Апостол Павле и која го прифаќа христијанството. Од овде, започнува ширењето на христијанството низ Европа. Пристигнување во Македонија во вечерни часови.
Цена – 95 евра по лице (5900 ден )
Во цената е вклучено :
• превоз со високо туристички автобус
• 2 ноќевање во стд и апп во Вила Александра/Неа Врасна
• Посета на Црквата Св. Лидија
• организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружнк
Во цената не е вклучено :
• туристичка такса – 180,00 денари ( задолжителна доплата во агенција)
• патничко осигурување-150 денари
• Посета на Света Гора – 15 евра
• Крстарење со брод -12 евра
• Посета и разглед на Кавала – 10 евра

Општи напомени :
• Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
• Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
• За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
• Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.