Вила ” Asteria “- Едипсос Евија 2024

134

Вила Астериа е една од поубавите вили во Едипсос. Се наоѓа на околу 100м од термалните извори и од плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија на приземје и на кат. Секое студио е опремено со кујна и садови согласно бројот на кревети во собата, купатило, тв, клима и тераса (двор) и интернет. Вилата има рецепција, бар и лифт.

                    – 20% ПОПУСТ ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 31.12.2023

СМЕНА ПЕРИОД     ½ СТУДИО 1/3 СТУДИО
1 25.05-01.06 110 ПРОМО 120 ПРОМО
2 01.06-08.06 120 ПРОМО 130 ПРОМО
3 08.06-15.06 150 155
4 15.06-22.06 170 175
5 22.06-29.06 190 195
6 29.06-06.07 210 215
7 06.07-13.07 230 235
8 13.07-20.07 230 245
9 20.07-27.07 260 265
10 27.07-03.08 260 265
11 03.08-10.08 260 265
12 10.08-17.08 260 265
13 17.08-24.08 250 255
14 24.08-31.08 240 245
15 31.08-07.09 220 225
16 07.09-14.09 200 205
17 14.09-21.09 170 175
18 21.09-28.09 150 155

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД)

Цените се по лице (7 ноќевања со превоз),

трето и четвтро лице гратис сместување во студио

* За патување со сопствен превоз од цената се намалува 20 евра по лице.

Доплата за превоз и траект ( за оние кои имаат гратис  сместување)

65 евра за возрасни

45 евра за деца до 12 години

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во 00:30 ч. (паркинг на спортскиот центар “Борис Трајковски”)
– Велес, во 01:00 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Неготино, во 01:30 ч. (бензиска пумпа “Макпетрол”)
– Смоквица, во 02:00 ч. (бензиска пумпа “BWO петрол”)
– Гевгелија, во 02:30 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)

Поаѓање од Грција: – Истиот ден попладне.

–          Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.

–          Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.

–          Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.

–          Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)

–    За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман,

Промо цените се со пресметан попуст за рана уплата и не се одбива за патување со сопствен превоз.

–   Попустите за рана уплата и 7+7 неможе да се комбираат

*Во студио/апартман е дозволено сместување на лица во согласност со предвидениот број на кревети, преку дозволениот капацитет може да се смести само едно дете до 6години.

*Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.

*Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.

НАПОМЕНА

*Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.

*Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот,

*Агенцијата  не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
*Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
*Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот.

*Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
*Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
*Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..
*Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
*За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
*Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
*Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.