Вила ” Kerasioti “- Пефки Евија 2024

200

Вила Керасиоти  се наоѓа во центарот на Пефки во прва линија на сама плажа. Во приземјето на вилата се наоѓа Пефки травел нашата партнер агенција како и Керасиоти кафетеријата, а собите се на прв спрат. Вилата е комплетно реновирана во 2017 год. И располага со апартмани и студија. Апартманите се за 5 лица со комплетно опремена кујна и посебна спална, клима, тв, тераса, тоалет. Студијата за 4 и 3 лица се со поглед кон дворот и се со брачен кревет и еден или два единечни и се опремени со кујна, клима, тв, тераса, тоалет. Користењето на клима уредот е вклучено во цената.

                        -20% попуст за целосна уплата до 31.12.2023

 

СМЕНА ПЕРИОД 1/5 АПП МОРЕ ¼ СТД ПОЗАДИ 1/3 СТД ПОЗАДИ
1 25.05-01.06 120 промо 100 промо 90 промо
2 01.06-08.06 130 промо 110 промо 100 промо
3 08.06-15.06 170 150 120
4 15.06-22.06 190 170 140
5 22.06-29.06 210 190 160
6 29.06-06.07 230 210 180
7 06.07-13.07 250 230 200
8 13.07-20.07 260 250 220
9 20.07-27.07 280 260 230
10 27.07-03.08 280 260 230
11 03.08-10.08 280 260 230
12 10.08-17.08 280 260 230
13 17.08-24.08 260 250 220
14 24.08-31.08 250 230 210
15 31.08-07.09 230 210 190
16 07.09-14.09 210 190 180
17 14.09-21.09 180 170 160
18 21.09-28.09 150 140 130

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД)

Цените се по лице (7 ноќевања со превоз),

трето и четвтро лице гратис сместување во студио,

трето, четврто и петто лице гратис сместување во апартман!!!

* За патување со сопствен превоз од цената се намалува 20 евра по лице.

Доплата за превоз и траект ( за оние кои имаат гратис  сместување)

65 евра за возрасни

45 евра за деца до 12 години

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во 00:30 ч. (паркинг на спортскиот центар “Борис Трајковски”)
– Велес, во 01:00 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Неготино, во 01:30 ч. (бензиска пумпа “Макпетрол”)
– Смоквица, во 02:00 ч. (бензиска пумпа “BWO петрол”)
– Гевгелија, во 02:30 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)

Поаѓање од Грција: – Истиот ден попладне.

–  Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.

–     Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.

–     Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.

–    Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)

-За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7 одобруваме 10% попуст на вториот аранжман,

Промо цените се со пресметан попуст за рана уплата и не се одбива за патување со сопствен превоз.

–  Попустите за рана уплата и 7+7 неможе да се комбираат

*Во студио/апартман е дозволено сместување на лица во согласност со предвидениот број на кревети, преку дозволениот капацитет може да се смести само едно дете до 6години.

*Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.

*Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.

НАПОМЕНА

Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот,
Агенцијата  не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.