Вила ” Koulas “- Неос Мармарас 2024

248

Ново во нашата понуда…Вилата „Koulas“  во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија се наоѓа на извонредна локација-на само 100 метри од плажата „Paradisos“ која е лоцирана на почетокот од градот. Од центарот на Неос Мармарас е оддалечена помалку од еден километар. Вилата располага со трокреветни студија кои се наоѓаат на првиот спрат и имаат големи тераси со поглед на улица кои се заштитени со тенди. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни (решо, мал фрижидер со мини комора и основни садови за готвење и јадење), купатила, телевизори и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во студиото. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Студијата се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Пред вилата има простор каде можете да ги паркирате своите возила.

                    -5% Попуст за целосна уплата заклучно со 25.03.2024

– Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио без вклучен превоз

  • – Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената
  • – Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин
  • – Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • – Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • – Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • – Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари
  • – Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос-Неа Рода
  • – Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • – Цена на повратен билет –50 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 години-40 евра…Цена за билет во еден правец 40 евра; деца од 2-12 години- 35 евра. Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплата.
  • Напомена: Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.