Вила ” Lena “- Неа Рода 2024

317

На околу 100 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос, веднаш пред апартхотелот „Lazaridis“ се наоѓа вилата „Lena. Во вилата располагаме со двокреветни, четирикреветни и петкреветни студија и апартмани на приземје и на прв спрат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Сите сместувачки капацитети имаат сопствени купатила и пространи тераси. Опремени се со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Веднаш пред вилата има простор за паркирање на возила.

                      -5% Попуст за целосна уплата заклучно со 25.03.2024

– Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио без вклучен превоз

  • – Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената
  • – Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин
  • – Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • – Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • – Доплата за туристичка такса во Грција-1,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • – Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари
  • – Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос-Неа Рода
  • – Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
  • – Цена на повратен билет –50 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 години-40 евра…Цена за билет во еден правец 40 евра; деца од 2-12 години- 35 евра. Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплата.
  • Напомена: Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.