Вила ” Reall Lux “- Полихроно 2024

277

Вила Reall Lux  се наоѓа на 200 метри од плажа, во центарот на Полихроно уличката која од црквата се спушта кон плажа. Вилата располага со студија и апартмани на први кат како и мезонети на вториот кат кои што се состојат од софа на извлекување плус брачен кревет на втор кат. Во нејзина близина е пешачката улица каде што има многубројни ресторани, кафетерии, бич барови, продавници за сувенири и сл. При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот најдоцна 15 дена пред реализација на аранжманот.

  • ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
  • Термините со * се однесуваат на цени по лице со вклучен превоз. Минимум уплата на две лица. Трето, четврто и петто лице доплаќаат само превоз 40€ по лице.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
  • За сопствен превоз не се одбива од цената
  • Се одобрува 10% попуст за рана уплата – до 15.02.2024 ( минимум 50% уплата) – 5% попуст за рана уплата од 16.02 до 15.04.2024
  • Попустите за рана уплата не важат за промо пакетите
  • Попустот важи само на редовни цени.
  • Задолжителна доплата на туристичка такса во вилата од 0,5€ по соба на ден
  • Клима и WIFI се вклучени во цената
  • За спојување на два термина – 10% од вториот термин
  • Не се комбинира со попустот за рана уплата и не важи за промо пакетите
  • Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената. Може да се извади во било која осигурителна компанија
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Во студио е дозволено сместување на лица според бројот на кревети, преку дозволени од број може да се смести максимум едно дете до неполни 5 год во легло со родителите.
  • Превземање на собите е по 14 часотлокално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот
  • За хигиената, за време на престојот се грижат гостите
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Превозот ги остава патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои не можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот најдоцна 15 дена пред реализација на аранжманот. Услови за рана резервација : потребно е 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни цени.

Поаѓање од МК

  • Скопје (Дрводекор) – 04:00 часот
  • Велес ( Бензиска пумпа Макоил) – 04:30 часот
  • Неготино (бензиска пумпа на автопат) – 05:00 часот
  • Граничен премин – 06:00 часот

Поаѓање од Грција

  • Пефкохори – 14:00 локално (13:00 мк време)
  • Ханиоти – 14:15 локално (13:15 мк време)
  • Полихроно – 14:30 локално (13:30 мк време)
  • Калитеа – 15:00 локално (14:00 мк време

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето. Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се опредени доцнења, за кои однапред се извинуваме.