Вила ” Temis “- Едипсос Eвиjа 2024

171

Вила Темис   има одлична локација во градот Едипсос. На 150м од плажа и на 5 минути пешачење до Термалните извори.  Располага со 18 реновирани соби (16 двокреветни и 2 трокреветни) сите со кујна и 2 соби двокреветни (ЕКО) без кујна со поглед кон градина. Кујните се комплетно опремени и содржат (чинии, чаши, тенџере, ѓезве за кафе, шолји, прибор за јадење, лагер, отварач, сад за салата итн).

Локација/ Кординати: 38.8566333,23.0439949

  • Програма
  1. Ден. Состанок на групата во 00:30. Поаѓање кон Едипсос во 01:00. Попатно застанување кај Волос се симнуваат патниците за Скијатаос и продолжуваме кон Евија. Кај Глифа се качуваме на траект. за околу 30 минути пристигнуваме на островот Евија кај местото Агиос Кампос на 17км од Едипсос. Пристигнување и сместување во Едипсос.
  2. 3/4/5/6/7 Ден. Одмор и рекреација уживање во прекрасниот Едипсос и островот Евија. Можност за посета на некој од факултативните излети: Посета на Атина, Посета на островотт Скиатос, Посета на грчките Сејшели и Лахадонисја. Погледнете ги програмите Тука
  3.   Напуштање на собите во 09:00 поаѓање за Скопје

-20% за резервации со комплетни уплати до 31.12.2023

-10% за резервации со комплетни уплати до 15.04.2024

-7% за резервации со комплетни уплати до 15.05.2024

                     ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ БУС+ТРАЕКТ+СМЕСТУВАЊЕ

Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

– Цените се дадени по лице со вклучен превоз, за минимум 2 лица во соба.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

* Автобуски превоз Скопје – Едипсос – Скопје

* Сместување во Студио 7 ноќи

* Траект повратна карта Глифа – Агиос Камос – Глифа

* Туристички придружник за време на патувањето и преставник од агенцијата за време на престојот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

* Задолжително патничко осигурување.

* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….

* Турситичка Такса 0,5 центи од ден по соба (се плаќа во објектот)

НАПОМЕНИ:

– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни

– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);

– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;

– Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.

– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.

– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори

– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

– Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;

– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување и Правните Напомени на Т.А.ВЕСНА ТУРС

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • – За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
  • – Доплата за превоз: 65€ за возрасни / 45€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);