Нови Сад со посета на Темишвар за Велигден

110

Нови Сад е втор по големина град во Србија, по Белград, значаен историски културен економски центар на Србија. Град кој не случајно ги носи двeте титули како Европска престолнина на младите во 2019 и Европска престолнина на културата за 2021.Тој плени со својата архитектура историја и позитивна енегија.  \Нови Сад  се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка Гора, познат по Петроварадинската тврдина.

Темишвар е град во Романија. Тој е најголем град во Банат, кој го нарекуваат „Мала Виена“ токму заради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт и целата архитектура и амбиентот потсетуваат на стариот дел на Виена. Во поновата историја пак градот е познат и по тоа што токму тука на 16 декември 1989 година започнале протестите кои и претходеле на Револуцијата, а подоцна и на падот на режимот на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску.

Белград е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Тој е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа, по Истанбул, Атина, и Букурешт

Прв ден 02.05.2024 (Четврток) –Поаѓање во 23:30 ч, преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.

Втор ден 03.05.2024 (Петок) –Пристигнување во Сремски Карловци кратка обиколка на  градот кој е познат по своето вино. Посета на Патријаршијата црквата св.Никола фонтаната Четири Лава  и Карловачката гимназија.

Потоа се продолжува кон Нови Сад – разгледување на градот со  локален водич. Посета на  Петро- Варадинската тврдина која се наоѓа на 120 хектари површина  со безброј подземни тунели чии темели се поставени во 17 век а изградбата траела 88 години. Ремек дело на тврдината е  пијаниот часовник кој гордо стои на тврдината. Посетата продожува по улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква.  Слободно време. Смесување во хотел. Можност за факултативна вечера на Салаш.Ноќевање.

 Трет ден 04.05.2024 (Сабота) Појадок.Факултативен целодневен излет до Темишвар Романија. Пристигнување во Темишвар. Организиран разглед на градот: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем – подарок од градот Рим. Посета на Плоштадот на единството каде се наоѓаат Римокатоличката катедрална црква, Барокната Палата, како и Српската православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас.Слободно време за шопинг.Враќање во Нови Сад. Пристигнување во вечерните часови.Ноќевање.

Четврти ден 05.05.2024(Недела)Појадок и одјавување од хотелот.Поаѓање за  Белград, разглед на градот со  локален водич: храмот Св. Сава, плоштадите Теразије, Славија, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот.Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

Петти ден 06.05.2024 (Понеделник)-Пристигнување во Македонија во раните утрински(ноќни) часови.

   ПРОМО ЦЕНА 119 евра 7.380 денари до 01.04.2024

      РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 159 евра / 9.860 денари

 Во цената на аранжманот  е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,
  • 2 Ноќевања со појадок во Хотел во Нови Сад,
  • Пешачки разглед со локален водич на Сремски Карловци и Нови Сад,
  • Профисионален туристички придружник,
  • Организација и реализација на патувањето
  • Туристичка такса.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневен излет до Темишвар – 30 евра (миниум 35 патници)
  • Вечера на традиционален Салаш (дополнително цена)
  • Пешачки разглед со локален водич на Белград 10 евра (задолжителна доплата)
  • Здраствено патничко осигурување (задолжително) – 200 ден.

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
  • Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
  • Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
  • Патувањето до Нови Сад може да се реализира и со лична карта, пасошот е потребен за факултативната посета на Темишвар (ако се оформи група )
  • Пасошот мора да има важност минимум 90 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
  • Уплата исклучиво во денари.

За оваа патуваање важат општите услови за патување на Т.А Весна Турс